Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски уверува дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови, откако британските медиуми објавија дека од есенва земјава и Велика Британија преговараат за испраќање на одбиени азиланти од Британија во државава.
„Предвидени се одредени средства со кои во Македонија ќе се гради инфраструктура. Точно, ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови.
Британија откако излезе од Европската унија (ЕУ), со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ склучува вакви договори, каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс, таму каде што Македонија и земјите членки и земјите кандидати на ЕУ имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите. Тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам, којшто е комплементарен со Фронтекс,“ рече Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се депортираат ли од Британија одбиени азиланти во Македонија?
Фото: Милошоски/Фејсбук













