Од вчера Австралија е првата земја во светот која ги забрани социјалните мрежи за помладите од 16 години.
Забраната моментално опфаќа 10 платформи, меѓу кои се и Тик Ток, Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм, а листата ќе се менува ако се појават нови платформи.
На платформите доколку не го почитуваат новиот закон им се закануваат казни и до 33 милиони долари.
Од 10. платформи, само Икс на Илон Маск не информираше дали ќе се усогласи со новиот закон.














