Падна владата на Бугарија

Бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска си поднесе оставка, откако со денови илјадници граѓани во земјата протестираа против корупцијата и непотизмот и бараа оставка на владата.

Протестите започнаа поради предложениот буџет на државата за следната година.

Жељазков поднесе оставка пред расправата за интерпелација за работата на владата во бугарскиот Парламент.

Засега е нејасно дали по оставката на владата ќе бидат организирани нови предвремени избори, или ќе се направи нов обид за формирање мнозинство во Парламентот.

Во изминативе четири години во Бугарија дури седум пат се организираа избори.

Бугарија од 1. јануари следната година треба и да влез во еврозоната. Моментално не се знае како оставката на владата ќе влијае на тоа. Голем број од граѓаните, опозициски партии, и претседателот на државата Румен Радев се противат на воведувањето на еврото и бараа референдумско изјаснување, што беше одбиено од мнозинството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести