(Видео) Ахмед ал Ахмед спречи да има повеќе убиени во терористичкиот напад во Сиднеј, граѓаните донираа над 2,1 милиони австралиски долари за него

Ахмед ал Ахмед (43), татко на две деца, муслиман по вероисповед, е херојот во терористичкиот напад на еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија.

Тој го ризикуваше својот живот за да спаси многу луѓе откако успеа да го земе оружјето на еден од напаѓачите, при што беше ранет.

Тој има две прострелни рани и моментално е во болница.

Ахмед продава овошје и зеленчук, а по потекло е од Сирија.

За него во тек е кампања на „ГоуФандМи“ во која досега се собрани над 2,1 милиони австралиски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И фудбалер на македонски клуб е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј

(Вознемирувачки видеа) На 15 се зголеми бројот на загинати во терористичкиот напад во Сиднеј, најмалата жртва има 10 години

Фото: австралиска Влада/Chris Minns/Фејсбук/видео: Global News



Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести