Кој е Љупчо Коцевски, републичкиот јавен обвинител кој си поднесе оставка

Сега веќе поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски е во фокусот откако си поднесе оставка.

Истата ја поднесе откако процедура за негово разрешување покрена Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавниот обвинител Коцевски поднесе оставка пред седницата за неговото разрешување, Собранието ја констатираше

Вчера Советот на јавни обвинители не избра вршител на должност (в.д.), кој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител, кој ќе се бира на јавен повик, а ќе го гласа македонското Собрание.

Советот не избра в.д. поради тоа што еден член не беше присутен.

Во понеделеник Советот ќе има нова седница за истата точка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Љупчо Коцевски, републичкиот јавен обвинител кој поднесе оставка

Кој е Коцевски

Коцевски  е роден на 1. август 1960 година во Тетово.

Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1992 година, а во 1994 година положил правосуден испит.

Од 1995 до 2008 година работел како адвокат во Тетово.

Во Обвинителството е од ноември 2008 година, кога е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар.

Во текот на обвинителската кариера, Коцевски бил член на Управниот одбор и на Комисијата за полагање завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, член на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, како и член на работни групи за подготовка на повеќе закони.

На 18. јануари 2022 година Советот на јавните обвинители го избра за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Македонија.

Во Републичкото јавно обвинителство работел како раководител на Одделението за мета податоци и мерки за следење на комуникациите и бил претседател на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција.

Собранието на Македонија на 13. февруари 2024 година го именуваше Коцевски за јавен обвинител на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како ќе се бира нов републички јавен обвинител

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести