Стартуваше со работа Пазарлук.мк, бесплатен сервис за споредба на цени на продукти.
Засега на платформата има споредби за 8.000 илјади производи кај најголемите девет трговци, плус еден онлајн.
-Станува збор за непрофитна платформа која ќе им помага на граѓаните во Македонија полесно да ги споредуваат цените на намирници и производи за секојдневна употреба и да донесуваат информирани одлуки при купување.
Проектот се разви како директен одговор на владината одлука со која трговците беа обврзани јавно да ги објавуваат цените на своите производи. Пазарлук.мк ја претвора таа законска транспарентност во практична и разбирлива алатка за граѓаните.
Платформата ја развива и одржува Фондацијата ИКРАУД, како дел од нејзината мисија за јавен интерес, фер пазар и поодговорна потрошувачка.
Доколку Пазарлук.мк ви помогне да заштедите, можете да го поддржите неговиот развој со донација – со повик на 143999 или преку платформата ecrowd.mk, велат основачите на платформата.
Фото: Унсплеш














