Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа останува во затворски притвор, во кој заврши поради поткуп од 50.000 евра за да влијае на судија во Апелациниот суд за да го укине притворот на Љупчо Пецов- Ѓаволот, кој е осомничен во случајот „Синџир“.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека Кривичниот совет постапувајќи по неговата жалба донел решение со кое истата се одбива како неоснована и решението на судија на претходна постапка се потврдува.
Како што велат од таму, ваквата одлука е донесена заради постоење на околностити од опасност од бегство и влијание врз сведоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор
Фехми Стафа доби притвор од 30 дена за поткуп од 50 илјади евра
Фото: Државно правобранителство














