Клинтон во џакузи: Сите нови фотографии од досието за педофилот Епстин

Министерството за правда на САД под притисок на американската јавност и Конгресот објави речиси 4.000 фотографии и илјадници документи, од кои голем дел се целосно зацрнети (редактирани), од досието на ФБИ за педофилот Џефри Епстин, кој наводно се самоуби во затвор.

И во наредните денови ќе бидат објавени и други документи, а во новиот пакет нема докази за нелегални работи за актуелниот претседател Доналд Трамп, која порано се дружеше со Епстин.

На една од фотографиите е и првата дама Меланија Трамп, во друштво не сопругот, Епстин и долгогодишната доверлива соработничка на Епстин, Гилејн Максвел, која сега е во затвор.

И во новиот пакет има фотографии со поранешниот претседател Бил Клинтон, во џакузи, но и како плива во базен со Максвел.

Објавени се и фотографии на кои се Мајкл Џексон, Дијана Рос, Мик Џегер

За ниту еден еден од посочените нема доказ дека учествувале во нелегални активности, но и оваа серија фотографии покажува во колку високи кругови се движел педофилот.

Сите нови фотографии можете да ги погледнете во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија/Фото) Трамп и Клинтон во друштво на педофилот Епстин: Објавени нови фотографии

Фото: Министерство за правда на САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести