Познат е идентитетот на мажот и жената од Македонија кои вчера загинаа во несреќата на автопатот Белград- Ниш, Србија, во близина на клучката Умчари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во возилото кое излетало од коловозот биле браќата Назим и Шкелзен Авдиу, и сопругата на Шкелзен.
На лице место, како што пренесуваат српските медиуми, загинале Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен.
Шкелзен Авдиу се здобил со тешки телесни повреди и е во кома. Тој е хоспитализиран во Ургентниот центар во Белград.
Тие се враќале во Македонија од Германија.
Фото: Унсплеш














