Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) донесе одлука за зголемување на посмртнината од 35.000 на 40.000 денари, информираа од таму.
Мерката е иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд, а за да се обезбеди финансиска стабилност на Фондот, месечната задршка од пензиите се зголемува од 140 на 150 денари.
Одлуката е донесена поради значително зголемените трошоци за погребни услуги.














