Советот на Општина Охрид го изгласа буџетот за следната година.
Вкупните приходи по сите основи се предвидени да изнесуваат 2.375.182.576 денари.
За капитални расходи се предвидени 25.354.000 денари.
За поддршка на локалниот економски развој се предвидени 9.300.000 денари, а за поттикнување на развојот на туризмот 18.425.490 денари, информираше на Фејсбук, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
За одржување и користење на паркови и зеленило се предвидени 12.107.307 денари.
Средства ќе се трошат и за реконструкција на локален пат од кампот Љубаништа до стационажа, на улицата “Петрино“ до пресек со улицата “Караорман“, село Лескоец, патот кој го поврзува селото Велгошти со селото Лескоец, реконструкција на улицата “Даме Груев“ од кружната раскрсница “Јане Сандански“ со улицата “Питу Гули“ до пресек со булеварот “Туристичка“, реконструкција на дел од улицата “7-ми Ноември“ од кружната крстосница кај Охридска банка, реконструкција на улицата “Кленоец“ и дел од улицата “Петрино“.
Предвидена е реконструкција и на улици во населбата Бараки, локалениот пат за селото Завој, реконструкција на дел од улицата “Партизанска“, населба Охридати, изградба на фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улиците “Малесија“, “Александар Гушо“, “Трајче Дојчиноски“, “Први Мај“, “Ванчо Николоски“, “Дебарца“ и “Момчило Јорданоски“ и нивна реконструкција.
Реконструкција е предвидена и на други улици и патишта.
Предвиден е проект за мониторинг и управување СКАДА систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС сиситем.
Со буџетот е опфатена и поддршката во образованието, стипендии, поддршка за спортот, како и за спортските и културните манифестации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку тежи буџетот на Град Скопје за 2026 и за што ќе се трошат парите
Фото: Игор Бансколиев














