(Видео) Во Кина отворен најголемиот тунел за експресен пат во светот

Во Кина е отворен најголемиот тунел за експресен пат во светот.

Станува збор за тунелот Tianshan Shengli, кој е долг 22,13 километри.

Се наоѓа во автономната област Синџијанг на северозападот на Кина и е дел од новиот автопат Урумчи – Јули, кој е долг речиси 320 километри

Изградбата на тунелот преку планинскиот масив Тјаншан го скрати времето за патување помеѓу северниот и јужниот дел на регијата од околу седум на само три часа.

Фото/видео: The Financial Express/New China TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести