Денеска започнува тридневната „Новогодишната приказна“ во Кисела Вода, која ќе се одржи во паркот „Шопен“, веднаш до ООУ „Невена Георгиева Дуња“.
„Од 19:00 часот настапува Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи проектот „Пауза за ракија“ на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и исполнет со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна.
Дојдете да се дружиме и да уживаме во предновогодишната атмосфера,“ велат од Општина Кисела Вода.
Фото/Општина Кисела Вода














