Центар синоќа оживеа во ритамот на џезот, на пјацетата пред Италијанската амбасада граѓаните уживаа во музика, греано вино и печени костени.
Настанот „Џез под ламба”, во организација на Општина Центар, создаде пријатна празнична атмосфера, исполнета со џез верзии на познатите божиќни песни и стари шлагери во изведба на бендот на Мартина Елиора.
На 29 декември пак, на Боемска улица ќе се организира големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите”.
Преку ден ќе има богата детска програма, а во вечерните часови музичка журка со Brass Brothers и Либеро бенд.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вечер под ѕвездите”-предновогодишна забава во Центар со Либеро Бенд, Brass Brothers и Дедо Мраз
Фото/Општина Центар














