Иконата на филмското платно и една од најубавите актерки, Брижит Бардо, почина на 91-годишна возраст.
Нејзината кариера ја започна со филмот „И Бог ја создаде жената“ во 1956 година, за неколку години подоцна да ги сними филмовите „Вистина“ на Анри-Жорж Клузо, „Многу приватна афера“ на Луј Мал и култниот „Презир“ на Жан-Лик Годар, мексиканската историска комедија „Вива Марија!“ со Жана Моро, вестернот „Шалако“ со Шон Конери…
По снимањето на „Поучната и радосна приказна за Колинот“, заврши со нејзината актерска кариера во 1973 година.
Брижит Бардо се проба и во музичките води, а целиот свој живот го посвети во борба за правата на животните.
Во приватниот живот ја следеа бури и контроверзии со четири брака зад себе.
Фото: Принтскрин-видео














