Како што беше најавувано уште за време на последните локални избори, кадарот на владејачката коалиција „Вреди“, Беким Сали, кој пред неколку денови стана министер за европски прашања, е именуван и за прв вицепремиер.
Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата, информираше тој на својот Фејсбук профил.
Оваа следи откако претходниот првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити од „Вреди“, стана градоначалник на скопски Чаир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат
Нов министер за животна средина и просторно планирање пак стана Мухамет Хоџа, исто така од “Вреди“.
Сали е поранешн министер за здравство, а пред повторно да стане министер беше пратеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања
Каков имот пријавил Беким Сали, новиот министер за европски прашања
Каков имот пријавил Мухамет Хоџа, новиот министер за животна средина
Фото: Сали/Фејсбук














