На 16. март 2025 година во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани се случи најголемата трагедија во независна Македонија.
Како последица на пожарот загинаа 63 лица, најголемиот дел млади, а над 200 беа повредени.
Трагедијата за жал, покажа колку е коруптивен системот во земјава и колку надлежните институции, платени од граѓаните, не си ја вршат работата.
Трагичниот настан одекна низ целиот свет, а за истиот во тек е и судски процес во кој се обвинети 36 физички и три правни лица, меѓу кои се и сопственикот на т.н. дискотека и неговиот син, поранешни градоначалници, министри, директори на инстиции, инспектори…
Ни еден од нив не признава вина.
Паралелно се води истрага и за полициски службеници, втор предмет за кој се уште нема обвинение, кое требаше да биде покренато во средината на декември, како и предистрага, трет предмет за инволвирани инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.
Досегашниот тек на настаните поврзани со оваа трагедија покажува дека државата не извлече поука од оваа голема трагедија, а неизвесно е и дали родителите на загинатите и нивните семејства вистински ќе добијат правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Личност на годината на еМагазин: Хероите во трагедијата во Кочани
Фото: Игор Бансколиев














