Македонската амбасада во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија и до овој момент нема информации за загинати или повредени македонски државјанин во пожарот во Кран-Монтана, соопштија од МНР.
Амбасадата исто така објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран-Монтана.
„Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57, стои во објавата на Амбасадата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 40 луѓе загинаа, 115 се повредени во пожарот во Кран Монтана, исчезнат и Македонец














