Две лица загинаа откако автомобил падна во Радика, на регионалниот пат Маврово-Дебар, во близина на Бигорски манастир.
„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар е пријавена сообраќајна незгода на регионален пат Маврово-Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки, изгубило контрола и паднало во реката Радика.
Од незгодата животот го загубиле А.Ф. и М.Ф. од с.Видуше, гостиварско.
По насоки на јавен обвинител патничкото возило ќе биде задржано во Полициската станица Гостивар за вонреден технички преглед, а телата на починатите ќе бидат дадени за обдукција.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.
Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека според пријавеното, возилото се движело со поголема брзина и во еден момент изгубило контрола, почнало да се лизга на коловозот, по што се превртело и паднало во реката Радика.
Фото: Unsplash













