Русија и даде подршка на Венецуела, ја обвини САД за вооружена агресија

По нападот на САД на Венецуела се огласи Русија, која и даде подршка на земјата, а американскиот нападго нарече чин на вооружена агресија.

Од тамошното Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека нападот е длабоко загрижувачки и за осуда, посочувајќи дека „изговорите што се користат за оправдување на ваквите постапки се неодржливи„.

„Во сегашната ситуација, клучно е, пред сè, да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на наоѓање решенија преку дијалог. Веруваме дека сите партнери кои имаат поплаки едни против други треба да бараат решенија преку дијалог. Подготвени сме да ги поддржиме во ова“, велаат од руското МНР, посочувајќи дека Латинска Америка мора да остане зона на мир, како што беше прогласена во 2014 година.

„На Венецуела мора да ѝ се гарантира правото сама да ја одредува својата судбина, без никаква деструктивна, а камоли воена интервенција однадвор. Ја потврдуваме нашата солидарност со венецуелскиот народ и поддршката за курсот на нивното боливарско водство, насочено кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјата.

Ја поддржуваме изјавата на венецуелските власти и раководството на латиноамериканските земји за итно свикување состанок на Советот за безбедност на ОН“, велат од таму меѓу друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ воздржана за нападот на САД на Венецуела, повикува да почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН

На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет

(Видео) САД ја нападна Венецуела, претседателот Мадуро зарабоен и изнесен од земјата

Фото: Руско МНР/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести