И Македонецот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во Кран Монтана

Младиот Македонец Стивен Ивановски, кој се водеше за исчезнат по пожарот во бар во ски-центарот Кран Монтана, Швајцарија, е помеѓу загинатите, неофицијално објави Фокус.

По пожарот, неговото семејство по социјалните мрежи апелираше за негово пронаоѓање, а дека македонски државјанин е исчезнат потврди и македонската Влада.

Тој според неговото семејство, последен пат бил виден за време на новогодишната ноќ во подрумот на барот каде избувна пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачка снимка од почетокот на пожарот во Кран-Монтана, кој потсетува на тој во Кочани

Владата потврди дека меѓу исчезнатите во пожарот во Кран-Монтана има македонски државјанин

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести