На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет

На венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, кои беа заробени утринава по нападите на САД на Венецуела, ќе им се суди во САД.

Мадуро, како што информираше главната обвинителка на САД, Пам Бонди, на социјалната мрежа Х, е обвинет за повеќе кривични дела поврзани со дрога и оружје.

Засега не е јасно за што е обвинета неговата сопруга.

Мадуро е обвинет за заговор во рамките на наркотероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување оружје и деструктивни направи, како и заговор за поседување оружје и деструктивни направи против САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ воздржана за нападот на САД на Венецуела, повикува да почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН

(Видео) САД ја нападна Венецуела, претседателот Мадуро зарабоен и изнесен од земјата

Русија и даде подршка на Венецуела, ја обвини САД за вооружена агресија

Фото: Фејсбук/Мадуро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести