Македонија со подршка за нападот на САД на Венецуела и заробувањето на Мадуро

Македонија го поздрави нападот на Венецуела од страна на САД и заробувањето на претседателот на државата, Николас Мадуро и неговата сопруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) САД ја нападна Венецуела, претседателот Мадуро зарабоен и изнесен од земјата

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за нападот и заробувањето се огласи на социјалната мрежа Х.

Тој вели дека е за поздравување тоа што Мадуро бил уапсен и дека ќе се соочил со правдата.

„Ја поздравувам објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата“, напиша Муцунски, а упати и пофални зборови и за државниот секретар Марко Рубио за, како што вели, неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.

„Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ воздржана за нападот на САД на Венецуела, повикува да почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН

На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет

Русија и даде подршка на Венецуела, ја обвини САД за вооружена агресија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести