Не се сум виновен, јас сум претседател на Венецуела, кажа Мадуро пред федералниот американски суд

Заробениот сега веќе поранешен претседател на Венецуела, Николас Мадуро, во своето прво обраќање пред федералниот американски суд во Њујорк кажа дека е невин за делата кои го обвинува САД и дека тој е претседател на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет

Тој меѓу друго посочи дека незаконски е земен од неговиот дом во главниот град на Венецуела, Каракас.

Подвлече и дека бил чесен човек.

Неговата одбрана информираше и за одредени здравствени проблеми кај Мадуро, при што побара соодветен образец за да му се обезбеди адекватна медицинска нега за време на притворот.

Одбраната отвори и прашања поврзани со „законитоста на военото киднапирање“, алудирајќи на начинот на кој поранешниот венецуелски лидер беше приведен и префрлен во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јас сум првата дама на Венецуела и сум невина, кажа сопругата на Мадуро пред федералниот американски суд

Тој се товари за заговор за нaрко-тероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување на автоматско оружје и експлозивни направи, како и за здружување со цел незаконско поседување на такво оружје.

Следното рочиште е закажано за 17. март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД

(Видео) Заробениот Мадуро е во Њујорк

Која е Делси Родригез, в.д. претседателката на Венецуела

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести