Газдата на „Дурмо турс“ конечно во затвор, одговорниот на возниот парк се уште во бегство

По неколку одложувања, Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“ од вчера конечно е во затворот „Идризово“. Информацијата за порталот Сакам да кажам ја потврди директорот на затворот, Зоран Јовановски.

Тој треба да одлежи казна од 10 години затвор за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16, а беа повредени 30 лица.

Белули го одложуваше одењето во затвор во неколку наврати, поради операции на тестисите.

Поради операција на тестис одењето во затвор го одложуваше и одговорниот на возниот парк во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, исто така осуден на 10 години затвор, кој на крај избега и се уште не е достапен на органите на прогон. За него има и потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе го оперирал вториот тестис: Газдата на „Дурмо турс“ доби ново одложување да не оди во затвор(Фото)

Објавена потерница за Ремзи Мифтари, осуден за несреќата кај Ласкарци, кој е недостапен за полицијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести