Само СДСМ не доаѓа: Денеска лидерска средба

Денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи лидерска средба, а инцијатор на истата е премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата нема да присуствува единствено опозициската СДСМ.

Свое присуство на средбата потврдија од опозициските ДУИ и Левица, како и од владејачката коалиција Вреди и ЗНАМ.

Според најавеното на средбата на партиите кои имаат пратенички групи во Собранието, треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на Народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, како и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести