Од вкупно склучени 32 договори за новогодишно украсување на општините, дури 15 се со Линк Медиа Плус, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Истите се во вкупна вредност од 37.825.726 денари, или 615.052 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тоа, како што е посочено во истражувањето, покажува дека Линк Медиа Плус добила 78% од вредноста на сите вакви договори.

Повеќе од еден договор добиле уште две фирми, Димензија 360 од Скопје за општините Валандово, Гевгелија и Дојран, како и фирмата Грин веј од Битола, која освен со Општина Битола склучила договор за украсување и со Општина Ресен.
Останатите 12 фирми кои имаат склучено договор за новогодишно украсување се носители на по само еден договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Битола новогодишно украсена
(Галерија) Штип новогодишно украсен
(Галерија) Новогодишна магија и во Скопје, блесна елката на плоштадот „Македонија“
Фото: Унсплеш/илустрација: ЦГК













