Ќе има затворање на улици: Од денеска ќе се тестира “Безбеден град“

Од денеска до сабота ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери на електронскиот систем за сообраќаен надзор, “Безбеден град“, информираа од Министерството за внатрешни работи. 

Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. 

-За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. 

Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје. 

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, велат од таму.

Казнувањето со системот треба да почне од 1. февруари.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести