Синдикалната минимална кошница за еден месец пораснала пораснала за 921 денари, информираа денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според ССМ минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари.
Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари.
Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните режиски трошоци 6.338 денари.
Фото: Унсплеш














