За кои прекршоци ќе се казнува со “Безбеден град“ од 1.февруари

Од 1. февруари стартува казнувањето со електронскиот систем “Безбеден град“ во Скопје, Тетово и Куманово, каде моментално функционира системот.

Тој функционира и на автопатите кои се дел од коридорите 8 и 10.

Истиот на ниво на цела држава треба да почне до средината на годинава.

Вчера во македонското Собрание беа изгласани измените на Законот за прекршоци, што беше последната пречка системот да почне да функционира и да се казнува со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието даде зелено светло за „Безбеден град“- ќе стартува на 1. февруари

Што ќе се казнува

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) во првата фаза ќе се изрекуваат казни за четири видови прекршоци: пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена важност на регистрацијата и непрописно запирање и паркирање.

Прекршоците ќе се детектираат автоматски, без контакт со полициски службеник на лице место.

Возачите кои ќе направат прекршок ќе добиваат СМС-порака и мејл со линк за преземање на записник со платен налог.

Плаќањето ќе може да се прави и електронски.

Ако казната ја платите навреме, нема да Ви се се пресметуваат дополнителни трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави се казните за прекршоците кои од 1. февруари ќе се казнуваат со “Безбеден град“: Детален преглед

Казна ќе добивате на СМС порака или на мејл: Како ќе се казнува за сообраќајни прекршоци со “Безбеден град“

Кога ќе останете без возачка: Сите детали за пакетот закони за безбедност во сообраќајот

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести