Правникот Фатон Сељами е новиот народен правобранител.
Тој беше избран вчера во македонското Собрание, а за него гласаа 89 пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатон Сељами избран за нов народен правобранител
Беше предлог на владејачката коалиција “Вреди“.
Ќе има мандат од осум години, со право на уште еден избор.
Претходно на оваа функција беше Насер Зибери, чии мандат истече во јули лани.
Кој е Сељами
Има завршено Правен факултет на државниот Универзитет во Тетово и постдипломски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа, исто така во Тетово.
Сељами е и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит.
Работно искуство и политичка кариера
Работел во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Од октомври 2008 година бил вработен во Канцеларијата на народниот правобранител во Скопје.
Во 2018 година станал генерален секретар во Министерството за правда.
Во 2020 година работел во регионалната единица на Министерството за правда во Тетово.
Од 2023 година работел како раководител на Одделение за политички систем во Министерството за правда.
Тој е и поранешен советник во Општина Тетово.
Приватно
Оженет е и татко на три деца.
Фото: Сељами/Фејсбук














