Премиерот Христијан Мицкоски е во фокусот на јавноста поради неговата колекција на часовници.
Како што стои во неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија, тој во 2015 и 2016 година се стекнал со часовници вредни 3.208.254 денари или 52.400 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски има часовници вредни 52 илјади евра
За телевизијата ТВ 21, вели дека никогаш не криел дека е љубител на убави часовници, а најавува и дека во периодот што следи ќе објавел колкав данок платил на државата додека работел за европски компании.
-Немам причина и да се срамам со тоа што сум го работел затоа што сум го работел чесно и достоинствено и нема да дозволам да се извалка името на моето семејство. Никому ништо не должам, и секогаш правам се за интересот на Македонија и така ќе продолжам да работам, вели тој за ТВ 21.
Кога часовниците на премиерот станаа топ тема, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека не било никаква тајна дека тој пред да влезе во политиката имал работено со познати светски фирми во енергетиката и дека имал добро заработено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Христијан Мицкоски, кој е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Влада













