Абдуш Демири, кој е кадар на владејачката коалиција Вреди е реизбран на позицијата потпретседател на Државната изборна комисија (ДИК).
Нов прeтседател на ДИК пак е кадарот на опозициската СДСМ, Бојан Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК
За старо-нови членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Димитрие Шеху.
Кој е Демири?
Роден е на 26.02.1981 година.
Во периодот од 1999 до 2004 година дипломирал на Економскиот факултет, отсек финансии, на Државниот универзитет во Тетово.
Во 2021 година завршил магистерски студии по финансии на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.
Работно искуство и политичка кариера
Во периодот од септември 2005 до јануари 2008 година бил одговорен за сметководство во компанијата Мото петрол во Теарце.
Од февруари 2008 до ноември 2009 година бил одговорен за сметководство во компанијата Нетам церамицс во Тетово.
Од ноември 2012 до февруари 2016 година бил раководител на сметководство во сметководствената компанија Реконт плус во Тетово.
Од март 2016 до април 2018 година бил раководител на сметководство и финасии на Беса, која е дел од коалицијата Вреди.
Од април 2018 до октомври 2020 година бил раководител на Истражувачкиот аналитички центар на Беса.
Од октомври 2020 до декември 2021 година бил директор на Агенцијата за вработување.
Од ноември 2022 до ноември 2023 година е генерален секретар на Беса.
Од декември 2023 до февруари 2024 година бил менаџер во компанијата Тре фреш ДООЕЛ Тетово.
Од февруари 2024 до октомври 2024 година е член на ДИК.
Во октомври 2024 година беше избран за потпретседател на ДИК.
Приватно
Оженет е, и е татко на три деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Бојан Маричиќ, новиот претседател на ДИК
Каков имот пријавил Бојан Маричиќ, новиот претседател на ДИК
Фото: Агенција за вработување













