Утврдените слабости се резултат на долгогодишни практики и наследени состојби, велат од Општина Охрид за извештајот на Ревизија

Од Општината Охрид денеска преку соопштение се огласија за низата неправилности кои Државна ревизија ги констираа во работењето на Општината за периодот од 2019 до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дивоградби и на Галичица, делење субвенции без програма, хотели без дозвола: Ревизија на работењето на Општина Охрид

Од таму велат дека станувало збор за сеопфатна анализа на работењето во повеќе мандатни периоди, а не исклучиво на актуелната локална власт.

-Се работи за проблеми кои се создавале со години, при што дел од утврдените слабости се резултат на долгогодишни практики и наследени состојби.

По приемот на извештајот, Општина Охрид без одлагање започна со имплементација на препораките, преку дефинирање конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел унапредување на финансиското, административното и институционалното работење.

Би сакале да нагласиме дека треба да се прави разлика помеѓу забелешки и препораки, Општина Охрид од Државниот завод за ревизија има добиено препораки во однос на неколку сегменти од работењето, велат од таму.

И за дивоградбите, велат дека станувало збор за долгогодишен, комплексен и наследен проблем, кој не бил создаден во текот на актуелниот мандат.

-Решавањето на овој проблем бара институционален пристап, почитување на законските процедури и тесна соработка со централните органи на власта.

Општината, посебно оваа локална власт не поддржува и нема да поддржи незаконско градење и дека сите активности се насочени кон воспоставување ред, заштита на јавниот интерес и зачувување на природното и културното наследство на Охрид, велат од таму.

Велат и дека во Општина Охрид немало контрола од претставници на Основното јавно обвинителство.

-Би сакале да појасниме дека Државниот завод за ревизија по службена должност и во рамки на законската регулатива треба да го достави Ревизорскиот извештај до ОЈО. Тоа е вообичаена законска процедура од која Општина Охрид не е исклучок.

Доколку има потреба нашата администрација стои на располагање за обезбедување на целокупната документација на надлежните органи, која е опфатена во ревизирскиот извештај, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори предистрага за Општина Охрид по извештајот на Ревизија

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести