Регионалната хит комедија “Свадба“ на Игор Шереги по премиерите во Хрватска и Србија, пристигнува и во Македонија.
Филмот од 5. февруари ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје.
Станува збор за приказна за две семејства, едното од Хрватска, другото од Србија, и нивните деца кои ќе решат да стапат во брак.
Филмот во Хрватска руши рекорди во гледнаност, а веќе има шанси да стане најгледан филм во хрватската историја. Истото се случува и во Србија каде за филмот се формираат редици пред кино салите.
Настапуваат Драган Бјелогрлиќ, Рене Биторајац, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, Јелисавета Сека Саблиќ…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













