Мозоци од Македонија се испраќале во САД за научни цели, потврди за 360 степени, Алексеј Дума

Поранешниот директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, Алексеј Дума за 360 степени потврди дека од Македонија во САД се испраќале мозоци на починати лица кои боледувале од шизофренија или се самоубиле, за научни истражувања.

Како што вели тој проектот се реализирал во периодот меѓу 1990-тите и 2000-тите години.

Тој не дава прецизен податок за колку мозоци станува збор, но вели дека сигурно не биле 1.000, а не дава ни конкретен одговор за тоа дали роднините на починатите знаеле за тоа.

Посочува дека не станува збор за профит, или како што вели, “мозокот не може да оди на црниот пазар“.

Проектот бил финансиран од Националниот институт за здравје на САД, а го добил Универзитетот Колумбија.

Според Дума, согласност да се испраќаат мозоци од Македонија во САД дал и етичкиот комитет на Медицинскиот факултет.

Посредник меѓу Универзитетот Колумбија и македонскиот Институт бил професорот Горазд Росоклија, а во проектот биле вклучени речиси сите доктори од Институтот, како дел од Медицинскиот факултет во Скопје.

Целта на соработката меѓу Универзитетот Колумбија во Њујорк и Институтот за судска медицина во Скопје била проучување на мозочните промени кај шизофренија и други психијатриски нарушувања.

Македонија била избрана затоа што имала висока стапка на обдукции и квалификувани лекари, но недоволно ресурси за истражување. Американската страна пак имала напредна технологија, но недостиг од примероци.

„Извозот“ на мозоци од Македонија во САД, станаа топ тема, откако земјава е спомната во новите документи за педофилот Џефри Епстин, кои ги објави американското Министерство за правда.

Во истите е објавена и електронска порака испратена до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин партнерс“ во која се пренесува новинарско истражување на „Блумберг бизнисвик“ од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет.  

Текстот е со наслов „Лекот стар 50 години кој би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“ и во него се наведува дека во рамки на долгогодишно научно истражување за самоубиствата, американски научници кои соработуваат со Универзитетот Колумбија имаат создадено банка од човечки мозоци за истражување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести