Професорот Горазд Росоклија, кој бил посредник за проектот помеѓу Универзитетот Колумбија и македонскиот Институт за судска медицина, Институтот за патологија и Клиниката за психијатрија за испраќање на ткива од мозоци на починати лица од земјава во САД за научни цели, за Топ тема на телевизија Телма, вели дека истите биле испраќани таму со писмена согласност на нивните семејства, покриени со сите потребни етички одобренија.
Станува збор за проект кој се реализирал во периодот меѓу 1990-тите и 2000-тите години, а стана топ тема во Македонија, откако земјава беше спомната во новите документи за педофилот Џефри Епстин, кои ги објави американското Министерство за правда.
Во истите е објавена и електронска порака испратена до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин партнерс“ во која се пренесува новинарско истражување на „Блумберг бизнисвик“, во кое се наведува дека во рамки на долгогодишно научно истражување за самоубиствата, американски научници кои соработуваат со Универзитетот Колумбија имаат создадено банка од човечки мозоци за истражување.
Росоклија исто така посочува дека за проектот била обезбедена согласности од етичките тела на Медицинскиот факултет, а по 2006 година, кога тој станал академик, и од етичкиот комитет на МАНУ, како и од Универзитетот Колумбија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мозоци од Македонија се испраќале во САД за научни цели, потврди за 360 степени, Алексеј Дума
Фото: Унсплеш













