Новите правила за превозниците за влез во Шенген зоната, се одложуваат за септември

Претставниците на Европската Комисија ја потврдија новата визна стратегија на Европската Унија во која превозниците се прифатени како професионалци и дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

„Биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година, а во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.

Ова е приоритетна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни земајќи ја во предвид важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија.

Владата веќе изрази целосна поддршка на превозниците и во насока на изнаоѓање на прифатливо решение за истите ги презема сите мерки што и стојат на располагање со цел да се овозможи непречена работа во рамки на меѓународниот патен сообраќај,“ информираше Николоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести