Петков на местото на Лазарески во македонскиот тим за Зимските олимписки игри

Наместо Мирко Лазарески во Италија на Зимските олимписки игри ќе оди Виктор Петков, информираа од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Причината, како што велат од таму е дека Лазарески паднал на допинг-тест.

Од МОК ја пренесуваат информацијата доставена од Националната антидопинг-организација (НАДО МКД).

-Врз основа на официјалниот извештај пристигнат од акредитираната лабораторија во Сеиберсдорф, Австрија, во еден од двата примероци е утврдено присуство на забранети средства кај спортистот во алпско скијање.

Како резултат на строго и прецизно пропишаната процедура на ВАДА, до конечна потврда на наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот и се активира механизмот на замена од претходно утврдената листа на потенцијални кандидати.

Согласно со овој официјален систем на рангирање, следен спортист со исполнета олимписка квота е Виктор Петков, кој по процедурален пат станува дел од официјалната делегација, велат од МОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Четворица спортисти ќе ја преставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина Дампецо

Фото: МОК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести