Управниот и Надзорниот одбор на Фабрика Карпош АД Скопје даде позитивно мислење за понудата за целосно преземање на Друштвото од страна на Сервис Петрол ДОО Скопје.
Во нивното мислење објавено преку Македонската берза меѓу друго стои дека преземањето предвидува задржување на сите вработени, а согласно идните планови на Сервис Петрол, ќе има и нови вработувања.

Сервис Петрол, како што пишуваше еМагазин веќе поседува 74,89% од акциите на Фабрика Карпош.
Понудата за преземање се однесува на 62.078 обични акции со право на глас издадени од Фабрика Карпош.
Сервис Петрол за акција нуди 350 денари.
Фабрика Карпош има вкупно 138 акционери, од кои седум се правни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош
Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош














