Повлечено обвинението против Цветан Панделески за „Империја“, објави Призма

Од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), било повлечено обвинението за бизнисменот Цветан Панделески за предметот „Империја“, објави Призма.

Обвинението било повлечено во декември лани, а Призма за информацијата добила потврда и од Основниот кривичен суд Скопје.

Според Призма истото го повлекол обвинителот Фатон Азизи, кој во доказната постапка оценил дека нема докази оти Панделески перел пари и измамил 150 акционери на Бетон АД Штип.

Случајот “Империја“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести