ВМРО-ДПМНЕ во овој мандат повеќе нема да има потпретседатели

ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да има потпретседатели во овој мандат, а досегашните Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска и Тимчо Муцунски ќе бидат предложени за членови на Извршниот комитет, рече лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски во интервју за МРТ1.

Денеска партијата ќе одржи Централен комитет на кој треба да бидат избрани новите членови на Извршниот комитет и нов генерален секретар.

Според Мицкоски, новиот состав на Извршниот комитет, треба да брои 29 членови, а во него очекува и нови лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести