Кој е Драган Ковачки, новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

На седницата на Централниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки е избран за нов генерален секретар на партијата.

Тој доаѓа на местото на Ѓорѓија Сајкоски.

На седницата е избран и нов состав на Извршниот комитет на партијата, кој брои 29 членови, а дел од нив се нови имиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Ковачки е нов генерален секретар, еве кои се старо-новите членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Кој е Ковачки

Роден е на 17.4.1977 година во Делчево.

Дипломирал на Воената академија.

Завршил и Кралски колеџ за одбранбени студии во Лондон, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Командно-штабна академија во Хрватска.

Зборува и англиски јазик.

Професионална и политичка кариера

Тој е моментално пратеник во македонското Собрание.

Пратеник бил и од 2021 до 2024 година.

Претходно бил офицер во македонската Армија.

Во Армијата и Министерството за одбрана бил дел од специјалните единици, а потоа извршувал повеќе раководни функции, главно во армиското разузнавање, а бил и командант.

Бил припадник и на специјалната единица „Волци“ и учесник во воениот конфликт во 2001 година.

Тој е старо-нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во овој мандат повеќе нема да има потпретседатели

Фото: Фејсбук/Ковачки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести