Министерство за внатрешни работи на Србија, соопшти дека две непознати лица со закани со нож и огнено оружје, го киднапирале Даниел Кајмакоски во раните утрински часови во Белград и се обиделе да изнудат пари.
Возилото било сопрено на територијата на општина Рума, во кое оштетениот бил затекнат со врзани раце. Киднаперите успеале да побегнат во непознат правец.
„Оштетениот е згрижен, на местото на настанаот беше извршен увид, а полициските службенции ја продолжија потрагата по извршителите. Вишото јавно обвинителство во Белград, изврши квалификација на кривичното дело киднапирање, и понатаму се работи на расветлување на случајот,“ соопштија од српското МВР.
Како што се наведува, акцијата за сопирање на возилото била во координација на повеќе надлежни служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash













