Се продаде „Еурокомпозит“, новите сопственици ќе произведуваат панцири, шлемови и дронови

Прилепската фабрика „Еурокомпозит“ за 4,2 милиони евра доби нови сопственици, објави државната агенција МИА.

Фабриката ја купиле полската фирма „FHR armorl logistiks Sp z.o.o.“ и македонската „Футура мода Д&А“ ДООЕЛ Скопје.

„Еурокомпозит“ од 2021 година беше во стечај, и е последена од фирмите на листата на загубари.

Сумата за која е купена е всушност 65% од вкупните побарувања на доверителите. Инвеститорот парите ќе ги уплаќаат на четири рати на крајот на секоја наредна година.

Според планот, ќе се ангажираат од 150 до 200 работници.

Неофицијално новите сопственици ќе се произведуваат панцири, шлемови и дронови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести