Се расчистува просторот за изградба на нов Луна паркот. Се рушат старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк во Скопје.
Информацијата на Фејсбук, ја сподели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој објави и видео.
Според најавите новиот Луна паркот треба да се протега на простор од 84.000 квадратни метри, а ќе има панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и други реквизити.
Фото/видео: Град Скопје














