Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и поранешниот економски директор на Клиниката, Нехад Нухи, на кои им се суди во предметот познат како “Онкологија 2“, остануваат во притвор.
Тие понудија имотни гаранции од над 350.000 евра, но барањето на нивната одбрана е одбиено од страна на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.
Според Судот не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено од таму појаснуваат дека тој нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони
Каков имот пријавил поранешниот директор Нино Васев, кој е обвинет за случајот „Онкологија“
Васев и Нухи негираат вина за несовено работење и финансиски криминал на Онкологија













