Дебарски бањи – Цапа лани со зголемена добивка

Дебарски бањи – Цапа АД Дебар лани од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и од хотелиерство, угостителство и останати споредни дејности, остварил добивка од 2,928 милиони денари, која е поголема од добивката за претходната година, која изнесуваше 1,963 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Вкупните приходи за овој период изнесуваат 210,113 милиони денари и бележат зголемување од 3,72% во однос на истиот период од 2024 година (202,562 милиони денари).

Вкупните трошоци од редовното работење во 2025 година изнесуваат 206,357 милиони денари и се зголемени за 2,79% во однос на 2024 година (200,599 милиони денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебарски бањи Цапа со драстично зголемување на добивката во третиот квартал

Дебарски бањи – Цапа со загуба во првото полугодие

Фото: Дебарски бањи – Цапа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести