(Видео) 44-годишен маж загина кај Мирковци откако со возило излетал од коловозот

Маж на возраст од 44 години загина вчера попладне откако со автомобил „бмв“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот на обиколницата Скопје – Тетово, во близина на клучката Мирковци.

Станува збор за Р.П. од скопското село Сарај, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој починал на лице место.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Видео: liridonavejseli/Инстаграм/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести