„Бехтел и Енка“ отпушти 50 работници од тетовско-гостиварскиот регион

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој работи на изградба на автопатот од Коридорот 8, отпушти педесетина работници, пред се од тетовско-гостиварскиот регион, објави Телма.

Работниците добиле откази, кога утринава дошле на работа во базата на автопатот Тетово-Гостивар.

На протест, дел од нив кажале дека од компанијата им рекле дека државата им должела пари, но премиерот Христијан Мицкоски, ја демантираше информацијата и ги упати работниците да си ги бараат своите права согласно договорите, за кои работниците велат дека не им се истечени.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести